Тури

Охрид - Галичица - Преспанско Езеро - Битола

Националниот парк Галичица се наоѓа помеѓу двете најголеми природни езера Охридското и Преспанското Езеро.Забележителна е по разгранетата орографија и интересните геоморфолошки облици како длабоки долови, разни карстни образби и групата Галичички езера од ледничко потекло. Најпознат е врвот Магаро со надморска височина од 2254 метри, додека за разлика од планинскиот дел, крајбрежјето на Охридското Езеро е богато со извори. Нај карактеристично е извориштето кај манастирскиот комплекс Св. Наум.

Охрид - струга- вевчани

Струга е популарна туристичка дестинација сместена на брегот на Охридското Езеро. Истата е позната по традиционалниот настан кој се одржува секоја година, наречен „Струшки вечери на поезијата“. Додека најпозната е реката Црн Дрим која извира во Свети Наум, минува низ Охридското Езеро и излегува кај градот Струга на надморска височина од 695 метри.

Охрид - маврово - св. Јован Бигорски - Галичник

Галичник е туристичка атракција поради неговата автентична архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи. Се наоѓа на падините на планината Бистра, во срцето на регионот на мијачкиот крај, во пределот Мала Река, на 17 километри до Маврово и Мавровско Езеро и 12 километри до ски-центарот „Заре Лазарески“. Се одликува со традиционална архитектура, вклучувајќи амфитеатар во селскиот магазин и манастирот Св. Јован Бигорски со својот уникатен иконостас направен рачно од Петре Филипоповски - Гарка.

Охрид - Манастир св. Наум

Манастирот Свети Наум е источен православен манастир во Република Македонија, именуван по средновековниот Свети Наум кој го основал. Таа е една од најпопуларните туристички дестинации.

Охрид - Крушево

Крушево е сместен во пазувите на Бушева Планина во западна Македонија. Тој е градот на некогашната Крушевска Република, над градот се наоѓа познатиот споменик Македониум на 1.220 метри надморска височина. Крушево претставува единствениот планински град во Македонија и највисокиот град на Балканот.

Околу Охридско езероz

Охридско Езеро — најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина, и го делат две држави: Македонија и Албанија. Ви се нуди одлична можност за обиколка на самото езеро низ двете држави со турнеја од 60 км.