Услови и правила

Општи правила и услови

Во овие општи одредби и услови за изнајмување:

a) Eurorent значи Еурорент – ГСА Инжинеринг ДООЕЛ Битола,сопственик на возилото;
b) Наемник - корисниккорисник Лице или фирма кое го зело возилото во наем по наемен договор и се обврзало да ги подмири сите трошоци од наемот; и
c) Возач - Лице кое физички управува со возилото и кое е запишано како возач во наемниот договор, сите останати немаат право да управуваат со возилото.

1.  Управување со возилото - Возилото може да го возат лица постари од 21 Година кои имаат возачка дозвола минимум 2 години кои се наведени како возачи во наемниот договор. Сите останати лица немаат право да управуваат со возилото.

2. Наем на возилото - Возилото го превзема наемникот со склучување на наемниот договор. Со потписот на договорот потврдува дека се согласува и дека ги прифаќа општите одредби и услови. Со потписот на формата за состојба на возилото прифаќа дека го добива возилото во исправна состојба со целосна опрема. Наемникот е должен да го врати возилото во предвидениот рок кој е наведен на договорот во деловницата од која го зел возилото.

3. За користење на дополнителна опрема наемникот е должен да плати екстра трошок од:
-5 Евра по ден за GPS Уред
-5 Евра по ден за детско седиште
-5 Евра по ден за бебешко седиште
-30 Евра еднократно за зелен картон

4.  ОПОМЕНА - Изнајменото возило не смее да се користи/употребува
• За платен превоз на лица и стока;
• Ако лицето кое го склучило договорот дало лажни податоци;
• За било кои натпреварувања,брзинска проба или трки;
• Под влијание на алкохол,средства за смирување,наркотици,средства за спиење и др. лекови.
• Кога возилото не е во возна состојба или е претоварено,прекубројни патници или багаж,измината регистрација или од било која причина кога возилото не е технички исправно.
• Надвор од категоризираните сообраќајници
• Одредените услови,забрани и препораки кои се однесуваат на употребата на возилото во одредени држави или региони наемникот треба да ги почитува и да ги усогласува со условите пропишани во договорот. ЕУРОРЕНТ одбива одговорност за било каква загуба или оштетување кое настанало со непочитување на на горните забрани;


5.  Одговорност на наемникот за штета - Наемникот одговара за целата штета на возилото,делови, додатна опрема која не се признава по условите и одредбите на Каско осигурувањето. Наемникот одговара исто така и за штетата која би настанала на возилото, деловите и додадната опрема од несоодветна употреба како и при неодобрена замена на делови или опрема или при замена на новите делови со стари или со неоригинални делови. Наемникот се обврзува секоја константирана штета надвор од одредените услови да ја подмири по добивање на рачунот доставен од ЕУРОРЕНТ

6. Барање за депозит
Депозитот на почетокот на изнајмувањето можете да го уплатите на следните начини
- Кредитна картичка
- Дебитна картичка
- Готовина
При склучување на Договорот Наемателот остава депозит. При враќањето на возилото депозитот се враќа откога од него ќе се одбие сумата за евентуалните штети, евентуалните делови кои недостигаат од возилото или недостиг на гориво во резервоарот.
Плаќање на фактура - По завршување на наемот се прави обрачун и се изработува фактура. Наемникот е должен да ја подмири фактурата веднаш.

7.  Продолжување на наемот - Кога наемникот сака да го продолжи наемот мора да ја извести деловницата минимум 1 ден порано, доколку не го стори тоа ќе се смета дека противправно го присвоил возилото и  ЕУРОРЕНТ ќе го пријави во полиција, од каде што ќе бидат превземени соодветни мерки за противправното присвојување, односно кражба на возилото (согласно чл.235 од Кривичен законик на Република Македонија) . Во случај да наемникот го враќа возилото после датумот наведен при склучување на договорот, а во текот на наемот дошло до промена на цените се пресметуваат новите цени од денот кој бил предвиден да се врати возилото освен ако не е поинаку предвидено со договорот.

8. Гориво - Горивото не е вклучено во цената на наемот, возилото се издава и се враќа со полн резервоар за гориво. Во случај на кусок на гориво, наемникот е должен заедно со вработениот во Еурорент да го надополни кусокот на гориво во најблиската бензинска станица и ке му биде наплатена казна од 10 евра.

9.  Одржување - Наемникот се обврзува дека ќе се грижи за возилото и дека редовно ќе го контролира нивото на масло во моторот, автоматскиот менувач ако истиот постои, водата во ладилникот, акумулаторот како и правилниот притисок во гумите.. Наемникот е должен да ги плати сите оштетувања од недоволното или несовесно одржување на возилото.

10.  Дефекти - Поправки или замена на делови може да се врши само во овластени сервиси со претходна согласност од деловницата.. При враќањето на возилото ако се константира дека било кој дел од возилото, опремата и додатната опрема е изгубен истиот ќе биде наплатен по ценовникот на овластениот сервис.